More

    Патријархот Порфирије нареди да се испрати помош од 100.000 евра за Босна и Херцеговина

    spot_img

    Патријархот Порфирије нареди да се испрати помош од 100.000 евра за Босна и Херцеговина
    Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфирије му нареди на Верскиот добротворен фонд во Белград да испрати помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства во Босна и Херцеговина преку Епархијата Заум-Херцеговина.

    Како што се наведува во соопштението на СПЦ, на загрозените лица ќе им се дели еднократна помош без разлика на нивната вера и националност.

    Духовниот водач на православните Срби го моли Спасителот Христос за сите жртви, Господ да ги утеши нивните семејства и да ја спречи поплавата за да престанат страдањата и уништувањето на имотот што го стекнале генерации“, се вели во соопштението.

    Порфирије апелираше сите народи на Балканот „да покажат меѓусебна солидарност во овие тешки денови“.

    20 лица загинаа во поплавите што зафатија делови од Босна и Херцеговина, а десетици се водат како исчезнати.

    Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина прогласи вонредна состојба на територијата на тој ентитет, а помош за загрозеното население обезбедуваат единиците за цивилна заштита, вооружените сили на Босна и Херцеговина и припадниците на ЕУФОР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img