Рускиот претседател Владимир Путин во средата го одобри новиот закон со кој руските обвинети и осомничените кои се пријавиле да се борат во армијата ќе бидат изземени од кривична одговорност.
Предлог-законот кој беше претставен од рускиот Врховен суд ова лето и усвоен од рускиот парламент по три читања ќе ги спаси обвинетите од судење и кривично гонење, пишува „Вашингтон Пост“.
Претходно, само Русите кои беа осудени или беа под истрага имаа опција да потпишат договор со Министерството за одбрана и да се приклучат на „Специјалната воена операција“, еуфемизам на Кремљ за неговата војна против Украина.
Овој нов предлог-закон има за цел да ја затвори празнината во синџирот, така што секој што се соочува со кривична пријава во која било фаза може да потпише договор и да избегне затвор.
Рускиот независен медиум „Важни приказни“ претходно овој месец објави дека со новиот предлог-закон руските власти очекуваат да испратат околу 20.000 дополнителни обвинети, вклучително и лица под истрага и оние кои се чуваат во центрите за притвор низ Русија.
Од првата година на војната, Русија активно регрутира од нејзиниот распространет, пренатрупан затворски систем, прво преку Вагнер, мрачната приватна воена група на чело со Евгениј Пригожин, а подоцна и преку шемите „Олуја З“ формирани од Министерството за одбрана.
На илјадници криминалци им беше ветено дека ќе можат да одат на слобода и да им биде отстранета пресудата доколку потпишат шестмесечен договор за борба во Украина.
Исто така, имаше безброј случаи на криминалци кои се враќаа од фронтот кајшто направија прекршок за пак да завршат во затвор.
На пример, убиец кој во 2022 година беше ослободен од 14-годишна затворска казна за да му се придружи на Вагнер, уби 85-годишна постара жена во нејзиниот дом и повторно беше ставен во затвор.
Тој беше ослободен по вторпат за да се врати на фронтот ова лето, според роднините на жената.
Русија не сака да спроведе општа мобилизација бидејќи тоа би било многу непопуларно. Делумната мобилизација во септември 2022 година предизвика десетици илјади Руси да ја напуштат земјата.