More

    Владата на Мицкоски наследила историски највисоко ниво на долгови

    spot_img

    Претходната влада не само што го потрошила Буџетот за помалку од половина година, туку и остави долгови од околу една милијарда евра, нешто што претставува историски највисоко ниво на долгови што една Влада го наследила, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека очекува до крајот на годината оваа ситуација да биде надмината.

    Прашан околу состојбата на долговите и колку од тие се сервисирани во првите 100 дена, Мицкоски рече дека како Влада, очекува веќе овој месец да бидат на позитивна нула.

    – Со реорганизација на Буџетот во овие први 100 дена ако ја споредиме фактичката состојба што ја наследивме како Влада од минус 200 милиони евра или отприлика минус 12 милијарди денари можам да кажам дека веќе овој месец очекуваме да бидеме на позитивна нула, а што се однесува до институциите надвор од владините институции и министерствата и останатите претпријатија можам да кажам дека во моментот АД ЕСМ има евидентирани долгови од прилика нешто повеќе од 5 милијарди денари, тоа е нешто над 80 милиони евра и се работи на сервисирање и намалување на тие долгови, ФЗОМ исто така околу 5 милијарди денари веќе 2 милијарди денари ќе бидат вратени оваа година, ќе се обидеме во следната година целосно да дојдеме до состојба нула затоа што кога сте во состојба нула и кога не барате одложено плаќање тогаш и оние коишто ги испорачуваат оние лекарства коишто се потребни за пациентите ќе бидат поевтини и поквалитетни – изјави Мицкоски кој денеска присуствуваше на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

    Мицкоски нагласи дека долгови има и кај јавните претпријатија како што се „Национални шуми“ и „Водостопанство“, каде се речиси милијарда денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img