Западот да ѝ понуди активна воена поддршка на Украина каква што му даде на Израел во борбата против Иран, побара украинскиот лидер Володимир Зеленски на средбата со новиот генсек на НАТО, Марк Руте. Зеленски изјави и дека сака Украина и сојузниците заедно да соборуваат руски ракети и дронови, но дека „во моментов тие не се спремни тоа да го направат“.
– Ние ќе продолжиме да ги убедуваме нашите партнери за потребата да се соборат руски ракети и беспилотни летала – рече Зеленски, додавајќи дека „она што функционира на небото на Блискиот исток и му помага на Израел да се брани, може да функционира и на небото на нашиот дел од Европа“.
Според Зеленски Западот ја одолговлекува испораката на оружје со долг дострел кон Киев, пишува „Гардијан“.
Руте му кажа на Зеленски дека „вашата безбедност е важна за нашата“, го повтори ветувањето дека Украина еден ден ќе стане членка на Алијансата.
– Украина е поблиску до НАТО од кога било и ќе продолжи по тој пат додека не обезбеди членство во НАТО – кажа Руте, поранешниот премиер на Холандија, кој во вторникот ја презема новата должност.
На Зеленски му беше поставено прашањето за повлекувањето на украинските сили претходно оваа недела од градот Вуледар, во најновото во низата руски освојувања на бојното поле на истокот на Украина.
– Животите на војниците мора да бидат зачувани бидејќи и тие се наши луѓе, граѓани на Украина. Затоа е сосема исправно да се повлечат и спасат – кажа то