More

    Нападот од 7 октомври беше легитимен, вели врховниот водач на Иран

    spot_img

    Во својата прва јавна проповед во последните пет години, иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, го прогласи за легитимен нападот на 7 октомври во кој загинаа над 1.200 Израелци, пишува Њузвик.

    Говорејќи на петочната молитва во џамијата Голема Мосала во центарот на Техеран, Хамнеи го опиша нападот на 7 октомври како „минимална казна“ што Израел ја заслужува за, како што рече, неговите „зачудувачки злосторства“.

    Тој понатаму го осуди Израел како „вампирски“ режим и ги нарече неговите први сојузници, САД, „бесно куче“. Хамнеи вели дека Иран „нема да одложува ниту да брза да одговори на Израел“ бидејќи тензиите продолжуваат да растат по неодамнешниот ракетен напад на Техеран врз Тел Авив.

    Се чини дека неговите коментари се однесуваат на потенцијалната израелска одмазда по лансирањето на балистички проектили претходно оваа недела. За Хамнеи нападот на Иран врз Израел кој уследи по израелската копнена офанзива е „брилијантна акција“ и е „целосно легален и легитимен“.

    Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека нападот е „голема грешка“, додавајќи дека „кој и да нè нападне, ние ќе го нападнеме“.

    Коментарите на Хамнеи означуваат остра ескалација во реториката, нагласувајќи го цврстиот став на Иран во услови на интензивирање на регионалниот конфликт.

    Во меѓувреме, во копнената операција против  Хезболах во Либан во четвртокот однесе над 100 животи според либанското Министерство за здравство.

    Во Германија, растат стравувањата дека годишнината од 7 октомври за неколку дена можат да се случат немили настани.

    Полицискиот синдикат на Берлин за Си-Ен-Ен изјави дека властите се подготвуваат за динамична ситуација низ градот поради напнатата ситуација и со голема загриженост гледаат на наредните денови.

    Тие истакнуваат дека пропалестинските демонстрации веќе прераснале во антисемитски и имало инциденти на насилство.

    На 7 октомври 2023 година, милитантната група Хамас изврши терористички напад врз Израел во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 240 луѓе беа земени како заложници во Газа.

    Израел одговори со жесток и постојан контранапад во Газа. Здравствените власти во Газа, контролирани од Хамас, објавија дека бројот на загинати таму е над 41.000 од 7 октомври 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img