More

    Во Куманово загина 15-годишно дете во сообраќајка

    spot_img

    Малолетник загина, а друго лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош, соопшти денеска СВР Куманово.

    Во сообраќајката учествувало возило „бмв” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха”.

    – Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален  пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ‘бмв’ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл ‘јамаха’ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15-годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16-годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово – информираше полицијата.

    Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img