Попладне пороен дожд и силен ветер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и со засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и со засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има  и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).

Share This Article