Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапувa

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа посочи дека државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, а Министерството е вклучено со својата педагошка служба, но, неопходна е и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.

– Од особено значење е и кога самите млади се вклучени во процесот и секогаш е добро да се слушнат и заеднички да изнаоѓаме најповолни решенија, за да се грижиме за здравјето на младите – рече Јаневска.

На тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“, министерката истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието.

– Секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија – рече таа.

Педагозите и психолозите, а во некои училишта и дефектолозите имаат непосредна улога во грижата за менталното здравје на учениците.

– Бирото за развој на образованието секоја година, па и годинава поради овие шест пријави и други неколку настани, секогаш испраќа препораки за постапување во конкретни и општи случаи. Стручните служби изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата, и во годишниот план, во одредени часови вклучително и класниот час, треба да ги спроведат своите едукации и работа со учениците. Доколку се појави конкретен случај, тогаш се прави измена во тој план и понатаму се работи со децата. При поголем проблем, потребно е инволвирање и на други стручњаци, вообичаено тоа е комуникација со Министерството за социјална политика и млади, во ретки случаи е потребно да се повика полиција и лекарска помош – рече Јаневска.

Во врска со поплаките од стручните служби дека имаат многу административни и организациски обврски за сметка на работата за која постојат, министерката рече дека тие приговори стигнале и во МОН и дека новите закони што се во подготовка „ќе им овозможат на психолозите и на педагозите да си ја работат својата работа“.

– Ќе инсистираме многу повеќе да се присутни во училиштата со нивната стручност и да помагаат во решавањето на овие проблеми. А некогаш не се само проблеми, ние имаме и талентирани деца со коишто треба да се работи, на некои родители им е потребна помош од некакви други причини, не само поради проблематични деца. Значи, има многу работа за стручните служби, полека воспоставуваме систем со кој тие ќе почнат да си ја работат само својата работа – рече министерката.

- Advertisement -
Ad image

Министерот за социјална политика, демографија и младиЃоко Велковски рече дека надвор од училишниот процес, во грижата за менталното здравје се вклучени службите за социјална работа кои се голема поддршка за младите и за семејствата.

Ова министерството нема статистика за младите кои се жртви на врсничко насилство, па затоа, потенцираше Велковски, неопходна е меѓуресорска комуникација со МОН и со МВР.

– Точно е дека недостигаат одредени статистики во нашето министерство, но она што беше заборавено во минатото е целосен систем на сите права и услуги коишто, за жал, Министерството не ги спровело со години наназад од не знам кои причини. Тоа го извадивме од фиока и за брзо време ќе ја имаме комплетната слика на сите приматели на правото од социјална заштита, меѓутоа и услугите што ги даваат самите центри. Буквално систем во кој ќе гледаме што се случува во едно семејство и ќе ја знаеме целата слика за тоа семејство – рече Велковски.

- Advertisement -
Ad image

Програмскиот координатор на Здружението „Младите можат“ Филип Ивковски изјави дека е редно да се направат конкретни чекори во овозможување услуги, ресурси и средства за младите конечно да можат да почнат да се грижат за своето ментално здравје.

Share This Article