Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори. Исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и во АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и за пченица и постигната е највисока откупна цена за грозјето, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Апсолутно како и во сите сектори, така и во земјоделието во овие 100 дена се презедоа многу чекори. Ќе ве потсетам на оние задоцнети плати во двете клучни институции, а тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Се вратија долгови кај земјоделците од повеќе 1,25 милијарди денари, тоа се стари долгови, покрај тековните исплати – рече Мицкоски.
Тој потсети дека се зголемени и субвенциите за повеќе култури.
– Понатаму имавме субвенции, одлука за субвенции за килограм продадена пченица, јачмен и така натаму, но исто така можам да кажам дека се постигнаа историски највисоки цени за откуп на грозјето од лозарите. Навистина можам да кажам дека досега работите таму полека, но сигурно фаќаат еден природен колосек, тука не смееме да ги потцениме ниту сливарите коишто исто така беа поддржани од Министерството и од Владата, јаболкарите. Видовте, таму беше министерот, разговараше, очекувам исто да биде и со тутунарите. Така што како и во секој сектор, така и таму се случуваат сериозни промени – рече Мицкоски.