More

    Киев си отвора пат за употреба на „Сторм Шадоу“

    spot_img

    Украинските одбранбени сили употребија ракети АТАКМС за да уништат една од познатите руски радарски станици „Небо-М“, соопшти Генералштабот на украинската армија.

    Во соопштението се истакнува дека уништувањето на радарот со долг дострел ќе создаде поволен „воздушен коридор“ и ќе ѝ овозможи на Украина ефикасно да ги користи крстосувачките ракети „Сторм Шадоу“ и „СКАЛП-ЕГ“ за нови мисии.

    Украинскиот лидер Володимир Зеленски повеќепати побара од САД и од сојузниците на Украина да дозволат користење на ракетите „Сторм Шадоу“ за цели внатре во Русија како дел од најавуваниот „план за победа“. САД не дадоа зелено светло за предлогот.

    Уништувањето на рускиот радар „Небо-М“ значително ќе ги ослаби можностите на руската армија за откривање, следење и пресретнување на аеродинамични и балистички цели.

    Русија наводно има само десет активни системи на „Небо-М“, од кои секој чини над 100 милиони долари.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img