More

    Детали за страшната сообраќајка на патот Прилеп-Битола

    spot_img

    Живи изгореле тројцата прилепчани кои утрово доживеаја сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, откако нивниот автомобил се судри со камион кај клучката за селото Лагово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „Утрово во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘тојота’ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило ‘волво’ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата, патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп. Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп-Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци“, информираше МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img