More

    7 израелски војници се убиени во јужен Либан

    spot_img

    Во израелски воздушен напад извршен денеска врз Дамаск загинаа две лица, во втор напад за два дена врз населба во која се наоѓаат безбедносните штабови и амбасадите.

    „Израелски воздушен напад беше насочен кон станбена зграда во населбата Мазех, каде доаѓаат лидерите на Хезболах и на Иранската револуционерна гарда. Загинаа најмалку две лица“, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

    Седум израелски војници загинаа денеска во борби во јужен Либан, еден ден откако беше  Жобјавен почетокот на копнената операција во земјата, соопшти израелската армија.

    Таа прецизира дека тие загинале во два одвоени инциденти.

    Борбите меѓу израелските сили и борците на Хезболах во јужен Либан продолжуваат, потврдија двете страни во одделни изјави.

    Соопштението за загинатите војници дојде во време на одлуката на Израел да испрати повеќе војници и артилерија во пограничната област меѓу двете земји. Тензиите во регионот ескалираа откако Израел вети дека ќе се одмазди за иранскиот ракетен напад минатата ноќ.

    Ескалацијата на неколку фронтови ги зголеми стравувањата од целосна војна на Блискиот Исток во која може да биде вклучен Иран, кој ги поддржува Хамас и Хезболах, како и САД, кои воено го поддржуваат Израел.

    Хезболах, која се смета за најмоќната вооружена група во регионот, соопшти дека нејзините борци учествувале во директни судири со израелските единици на две локации во Либан во близина на границата со Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img