Потврдена е смртта на првиот израелски војник убиен во Либан од почетокот на копнената инвазија, пишува британски Гардијан.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека 22-годишниот капетан Ејтан Јицак Остер бил убиен денеска во Либан.
Остер бил командант на тим во единицата Егоз, елитна единица командоси, специјализирана за герилска војна.