More

    Перински најави и комунална полиција

    spot_img

    Граѓаните најмногу се жалат на недостапност на услуги кои би требало да ги добиваат од јавните институции, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински откако на прес-конференција посветена на отчет во неговиот ресор соопшти дека во изминатите 100 дена е отворена платформа „Сподели“ на која граѓаните можат да му се обратат на мејлот spodeli@mls.gov.mk за каков било проблем, предлог, критика и идеја.

    Како што рече, тоа е негова лична заложба и посебен фокус со цел тој во улога на медијатор да се обиде да посредува во решавање на нивните проблеми.

    – Во суштина луѓето бараат основни потреби, не се обраќаат со некаква квантна физика со што би го нарушила системот или за што треба некој посебен ангажман. Тоа се потреби кои локалните власти и централните власти до сега, за жал, не ги земале предвид. Тука ние пробуваме да најдеме решение, да видиме зошто тоа не се спровело. Пробуваме да најдеме решение и за голем дел од нив најдовме решение – рече Перински одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за 100 дена Влада.

    Во врска со новините што се подготвуваат за Законот за локална самоуправа и дали со нив ќе биде предвидено отповикување од функцијата на градоначалник, со оглед на тоа што во постојниот закон стар над 20 години не постои таква можност до истекот на мандатот, Перински смета дека треба да се интервенира за, како што рече, да се смени таа аномалија на законот.

    – Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на законот – рече Перински.

    Дополнително, рече, идејата е законот да го опфати и моделот комунална полиција.

    – Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби – додаде Перински.

    Нагласи дека има уште неколку работи кои се планираат да се адаптираат во законот, пред сѐ, како што рече, идејата е да го приспособат законот согласно со модерните услови на живеење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img