Истрели се испукани во израелската амбасада во Стокхолм, потврдија полициските сили во шведскиот главен град за новинската агенција ТТ.
Како што пренесува ДПА, нема информации за повредени, а сè уште никој не е уапсен.
Приближно во исто време со првите повици за истрели во областа на амбасадата, дошле и првите информации дека Иран извршил голем ракетен напад врз Израел.
Шведската полиција соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки околу еврејските и израелските локации во земјата по претходните инциденти во амбасадата.
Во мај беше пукано во близина на амбасадата, а во јануари беше фрлена рачна бомба кон зградата, но не се активираше.
Според ТТ, израелската служба за надворешно разузнавање Мосад верува дека и двата инциденти биле нарачки на Иран, извршени од шведски криминални банди.