More

    ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ ПРИСТАПОТ ДО 100 СТРАНСКИ ОНЛАЈН-КОЦКАРНИЦИ КОИ СЕ КОРИСТАТ КАЈ НАС

    spot_img

    Владата веќе ги утврди чекорите како ќе се справува со нелегалното онлајн коцкање, кое ќе биде нејзин примарен приоритет во наредниот период, бидејќи тоа е многу раширено кај младите во општеството, а наскоро ќе бидат претставени и активности што ќе бидат презмени, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

    – Прво, нашите најмлади се зафатени од оваа болест без никаква контрола, ниту се знае дали користат туѓи лични карти, па се пријавуваат за да играат, ниту се знае колку средства користат, ниту се знае каде се излеваат тие средства, ниту каде се користат тие средства понатаму – дали се за финансирање на некои други нелегални активности, но пред сѐ ова што ни се случува е болест на македонското општество. И справувањето со ова ќе биде примарна задача на Владата во наредниот период – рече Андоновски на новинарско прашање по отворањето на симпозиум и промоција на Дигит Мак.

    Владата, вели тој, е многу обединета и е многу ревносна во справување со нелегалното онлајн обложување и веќе одржале состанок со Агенцијата за електронски комуникации, Марнет, претставници на телеком операторите и директорот на Лотарија на кој се утврдени чекори како да се справат со нелегалното онлајн коцкање.

    – Првата фаза е забрана на домеините коишто се точка мк (.мк), кои приредуваат нелегални онлајн игри на среќа затоа што се во спротивност со Законот за организирање игри на среќа. Во втора фаза разговараме кои се начините за забрана на странски домеини коишто се присутни на македонскиот пазар, а коишто приредуваат нелегално игри на среќа…Треба да најдеме методологија како да ги забраниме овие веб-страници во Македонија затоа што нивната нелегалност е јасна, утврдена со Законот, но нивното постоење тука е затоа што тие се регистрирани некаде во светот и лесно се пристапни за нашите граѓани. Имаме методологија, имаме правец, но ќе ми дозволите неколку дена за да излеземе со точни активности кои веќе сме ги преземале. Не сакам да зборувам пред преземањето на  активностите, но веќе во Лотарија на Македонија се прават табели коишто утврдуваат кои точно веб-страници се најприсутни и каде најмногу се закачени нашите граѓани, на кои веб-страници најмногу се приредуваат тие нелегални игри на среќа. Страшниот дел е што и многу малолетници се вклучени – вели тој.

    Во моментов вели, постојат стотина странски веб страници, но најкористени се две кои се присутни и се користат во земјава.

    – Во првата фаза ќе треба да се работи со овие 100 да се забранат, но потоа според дискусијата која што ја имаме со претставниците на Лотарија тоа ќе биде континуиран процес. Значи не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано ќе треба да се ажурира оваа листа и постојано да се информира АЕК и телеком операторите за да нешто се случува за да може после постојано да се движат кон забрана на овие нелегални приредувачи на игри на среќа. Ќе повторам, ако тие беа регистрирани во Македонија ова е кривично дело што го прават, но затоа што се регистрирани во странство не можете да видите кој е точниот приредувач и затоа мораме да одиме со забрана на пристап – подвлекува министерот Андоновски.

    Тој на новинарско прашање во однос на надлежностите посочува дека Законот за електронски комуникации и дозволува на АЕК да утврди односно да им препорача, односно да ги задолжи телекомите да забранат пристап до определени веб-страници ако е тоа во спротивност со Законот за електронски комуникации или ако е во спротивност со други закони.

    – Тој дел сакаме да го операционализираме затоа што досега не се користел и во наредниот период точно ќе излеземе со тоа какви активности ќе преземеме ние како Министерство, Марнет и АЕК во соработка со телекомите – порача министерот за дигитална трансформација Андоновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img