More

    Индија ја укина забраната за извоз на ориз

    spot_img

    Њу Делхи ја намали извозната давачка за бланширан ориз на 10%, поттикната од неодамнешната нова жетва и повисоките залихи во државните магацини. Оваа одлука влијаеше и на намалување на цените на оризот и во конкуретските земји кои имаа корист од индиската забрана за извоз.

    Цената на индискиот скршен бланширан ориз на почетокот на неделата на берзите се движеше од 500 до 510 долари за метрички тон. Минатата недела беше од 530 до 536 долари. Индискиот скршен бел ориз се нудеше по цена од околу 490 долари.

    Реагираше и конкуренцијата, па извозниците од Виетнам, Пакистан, Тајланд и Мјанмар ги намалија цените за најмалку 10 долари по тон.

    -Добавувачите од Тајланд, Виетнам и Пакистан одговорија на потегот на Индија со намалување на нивните извозни цени – изјавие Химаншу Агарвал, извршен директор на „Сатјам Балаџи“, водечки извозник на ориз.

    Цените на тајландскиот ориз се движеа од 540 до 550 долари на почетокот на неделата, во споредба со минатонеделните 550 до 560 долари за тон.

    -Цените на извозот на тајландскиот ориз би можеле да паднат поради зголемената понуда на пазарот, но степенот на падот ќе зависи од неколку фактори, вклучувајќи го и зајакнувањето на тајландската валута – изјави почесниот претседател на Здружението на извозници на тајландски ориз, Чукијат Опасвонг.

    Цените на оризот почнаа да се корегираат, дури и во Виетнам, но трговците предупредуваат дека целосното влијание на индиските пратки сè уште не може да се процени.

    -Виетнамските извозници треба да останат мирни и да не ги намалуваат цените за да обезбедат договори – рече Труонг Тан Таи, извршен директор на извозникот на ориз „Винарице Ко“.

    Забраната на Индија за извоз на бел ориз минатата година и воведувањето царини од 20% за извозот на бланширан ориз ги доведоа цените на највисоко ниво во последните 15 години.

    Благодарение на овие индиски потези, конкурентните добавувачи како Виетнам, Тајланд, Пакистан и Мјанмар го зголемија својот удел на пазарот и имаат повисоки цени на глобалниот пазар.

    Во 2022 година, Индија учествуваше со повеќе од 40% од светскиот извоз на ориз, со рекордни 22,2 милиони од вкупните 55,4 милиони метрички тони глобална трговија.

    Главни увозници на азиски ориз се Филипините, Нигерија, Ирак, Сенегал, Индонезија и Малезија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img