More

    Студент по медицина од Харвард изел 720 јајца за еден месец и го споделил резултатот

    spot_img

    Студентот по медицина на Харвард, Ник Норвиц, одлучил да изеде 720 јајца за еден месец за да види каков ефект ќе има врз неговиот холестерол. На крајот на месецот, мажот од Бостон открил дека нивото на холестерол му паднало за 20%.

    Норвиц конзумирал 24 јајца дневно во текот на еден месец. Ги јадеше на секакви начини – пржени, варени, како матени јајца или како омлет.

    „Јајцата се доста разноврсна храна, па нивното подготвување на различни начини беше доста пријатен експеримент. Не беше толку тешко“, рече тој.

    Првите две недели избегнуваше јаглехидрати, а следните две ги консумираше.

    „Очекував дека моето ниво на холестерол нема да се промени само со додавање јајца – и тоа се случи“, додаде Норвиц.

    Кога додал јаглехидрати, нивото на холестерол му паднало поради метаболички промени откако се прилагодил на диета со малку јаглехидрати. Клучната работа што ја научи од овој експеримент е дека не постои нешто како „најдобра“ диета.

    „Кога проценувате што е добра диета за некоја личност, мора да го земете предвид нивното основно метаболичко здравје, како и нивните цели“, објасни тој за Fox News Digital.

    Норвиц рече дека планира уште многу експерименти за промовирање на свеста и знаењето за тоа како храната влијае на телесните функции и целокупното здравје.
    Student po medicina od Harvard izel 720 jajca za eden mesec i go s

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img