Сè уште не е јасен степенот на штетата предизвикана на Израел по масовниот напад на израелската балистичка ракета.
Нема извештаи за повредени во Израел, но едно лице е убиено на окупираниот Западен Брег, соопштија тамошните власти, а пренесува Гардијан.
Исто така, израелската јавна телевизија КАН објави дека во градот Ход Хашарон на северот на Израел, во ирански напад со балистички ракети биле оштетени околу 100 домови.
На социјалните мрежи беа објавени низа фотографии и видеа на кои се гледаат кратери од удар во централен и јужен Израел.
Дописникот на PBS за надворешни работи и одбрана Ник Шифрин го објави овој извештај од близина на седиштето на Мосад во предградие на Тел Авив, покажувајќи голем кратер.