Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави Тајмс оф Израел.
Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата.
– За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата.„Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме информации за евентуални жртви – изјави Хагари.
Ако Иран не планира да лансира нов бараж проектили, вечерашните ракетни напади врз Израел се завршени, јавува Би-Би-Си.
Повторно е отворен и воздушниот простор над земјата.
Вечерва израелската армија објави дека околу 200 балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел. Истовремено во Тел Авив се случи и теорристички напад во трговски центар.
Израел се закани дека ќе се одмазди за вечерашниот ирански напад.