Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска апелираше за деескалација на конфликтот во Либан.
Ова го пренесе неговиот портпарол Стефан Дижарик во момент кога се стравува дека зајакнувањето на израелската офанзива против екстремистичкиот либански Хезболах ќе доведе до регионална војна.
Гутереш „апелира за итен прекин на огнот“, рече Дижарик, додавајќи дека „по секоја цена мора да се избегне сеопфатна војна во Либан и мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан“, пренесе Франс прес.
Светските лидери се собраа во седиштето на ОН минатата недела на годишната седница на Генералното собрание на ОН, но повиците за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинскиот Хамас и во Либан меѓу Израел и Хезболах, понудите за договор и посредување не вродија со плод. на Блискиот исток додека ескалираше конфликтот.
Израелската армија денеска започна, како што рече, „ограничена, локализирана и насочена“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан и продолжи со гранатирање области во близина на границата и воздушни напади врз либанската престолнина Бејрут.