More

    Јавна расправа во Уставниот суд затоа што екс спикерот не дозволи референдум за Францускиот предлог

    spot_img

    Уставниот суд на 3 октомври (четврток) ќе одржи јавна расправа по барање на пратеникот Димитар Апасиев, кој наведува дека поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери го дискриминирал по основ на политичка припадност како пратеник, со тоа што не му ја овозможил процедурата да се закаже референдум за Францускиот предлог.

    Апасиев наведува дека претседателот на Собранието не постапил согласно Законот за референду м и за предлог-барањето одлучил сам, наместо да го предаде на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело заради давање мислење за уредноста на иницијативата.

    „Станува збор за предлог-барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150.000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските Заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 година? Барањето до претседателот на Собранието е поднесено на 7 октомври 2022 година, во својство на физичко лице  овластен предлагач. Подносителот на барањето, Димитар Апасиев смета дека со тоа што претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски тела, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и на тој начин го спречил подносителот да го оствари уставно заштитеното право на политичко дејстување“, соопшти Уставниот суд.

    При поднесувањето на барањето до Уставниот суд (23.12.2022), се додава, подносителот посочил дека е пратеник во Собранието од редот на опозицијата и претседател на опозициска парламентарна политичка партија Левица и дека бил оневозможен политички да дејствува од страна на претседател на Законодавниот дом, предложен од партијата на власт.

    „Поради ова подносителот Апасиев поднесе барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на политичко дејствување и забрана на дискриминација по основ на политичка припадност. Исто така, подносителот наведува дека со наведеното дејствие, претседателот на Собранието го повредува правото на забрана од дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност што е гарантирана со Уставот и со член 14 и член 1 од Протоколот бр. 12 од Европската конвенција за човекови права“, соопшти Судот.

    На јавната расправа ќе присуствуваат пратениците Џафери и Апасиев, експерти и советници на Уставниот суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img