Два трговски центри во Белград денеска добиле дојава за бомба, пишува Еуроњуз Србија.
Дојавата за подметнати бомби пристигнала во 13 часот во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“.
Непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.
Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри.