More

    Догодина ќе се зголеми и студентскиот оброк

    spot_img

    Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и премиерот Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

    – Деталите сѐ уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите – вели Јаневска.

    Прашана дали е договорено зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска одговори дека сѐ уште се дискутира.

    Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.

    – Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи сѐ што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме тоа – вели Јаневска.

    Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img