Холивудскиот актер и режисер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал, разговараа со новинарите на црвениот килим, на доделувањето на наградата Алби минатата недела. Познатиот актер откри дека нивните близнаци ја наследиле неговата смисла за хумор.
„Александер и Ела го прават тоа“, признал Џорџ, а Амал објаснила: „Нашиот син има пристап до бројни холивудски реквизити, како што се лажни стаорци и глувци, така што не можам да ви кажам што сè наоѓам под моите документи или под перницата“.
– Кога Александер ќе направи некоја шега, а Џорџ ќе го види тоа, тој само ќе го погледне и му вели: „Се гордеам со тебе сине“ – раскажала Амал. Џорџ во тој момент рекол дека „никогаш не бил погорд“ и додал: „Сега ќе ми се јави Александер и ќе каже: „Имам нешто важно што мора да ти го кажам, тато“, а јас ќе му одговорам: „Што?“, а тој потоа ќе ја спушти слушалката“, со насмевка раскажа актерот.
„Учи од најдобрите“, додала Амал.
Познато е тоа дека Клуни секогаш е насмеан и добро расположен во јавноста, подготвен да ги забавува сите околу себе. Доказ за тоа се неодамнешните фотографии од 81. Филмски фестивал во Венеција.
Јавноста ја насмеаја фотографиите на Клуни и Бред Пит, коишто лудо се забавуваа на црвениот килим, а во еден момент, тие двајца почнаа и да танцуваат, што особено ги забави присутните, а најмногу фотографите кои беа зад нив.
Инаку, Амал и Џорџ пред неколку дена прославија 10-годишнина од бракот.