Годините се само бројка кога се во прашање спортските легенди, а некои од нив пластично го покажуваат и на теренот.
Тоа го покажа и Португалецот Кристијано Роналдо, кој во второто коло од азиската Лига на шампиони беше стрелец во победата на Ал Наср против Ал Рајан од Катар со 2:1. Португалецот зголеми на 2:0 откако Садио Мане претходно ја отвори серијата, што беше доволно за победа по ремито на стартот од натпреварувањето.
Она што е особено импресивно и покажува дека годините не се пречка за Роналдо е една информација.
Имено, Португалецот со овој гол стигна до бројката од 441 гол откако наполни 30 години, додека во дваесетите постигна гол помалку, односно 440.
Овие податоци звучат речиси лудо, а не потсетуваат на Новак Ѓоковиќ, кој во кариерата освои 24 Грен слем титули, од кои половина од моментот кога наполни 30 години.
Некогаш беше незамисливо, а иако развојот на медицината, подобрите услови за закрепнување и многу поголема грижа за телото придонесоа за долговечноста на спортистите, случаите како оние на Ѓоковиќ и Роналдо се исто така посебни поради нереалните резултати што сè уште ги постигнуваат.
Мал е бројот на такви како тие двајца, а тука се и Лео Меси, Леброн Џејмс, Рафаел Надал и други кои беа толку моќни длабоко до триесеттите.
Само уште еден доказ колку се посебни