More

    Актерката и дизајнерката го изговорија судбоносното „да“

    spot_img

    Актерката Ребел Вилсон се венча со Рамона Агрума овој викенд на Сардинија, Италија, пренесува магазинот „Пипл“.

    Ребел и Рамона, дизајнерка на облека и накит, првиот заеднички одмор го поминаа во Италија, па не е изненадување што ја одбраа таа земја за овој важен ден. Неколку дена пред венчавката, Ребел на својата инстаграм-приказна објави фотографија на која се држи за рака со Рамона во градот Порто Черво. Пред венчавката тие престојуваа во хотелот „Кала ди Волпе“.

    Нивната врска стана јавна во јуни 2022 година, кога Ребел објави нивна фотографија со натпис: „Мислев дека барам принц на „Дизни“… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцеза на „Дизни““.

    На крајот на 2022 година, Ребел објави дека добила ќерка со помош на сурогат-мајка.

    „Исклучително сум горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат“, напиша тогаш Ребел.

    Ребел и Рамона се свршија во февруари 2023 година пред замок во Калифорнија.

    „Рековме „да““, напиша тогаш Ребел на фотографиите од свршувачката. Вилсон подоцна објасни како ја запросила Рамона во своите мемоари „Rebel Rising: A Memoir“, објавени во април 2024 година.

    „Рамона виде ливчиња од роза низ целиот под и рози во вазни. Ѝ реков колку е посебна за мене, а потоа се спуштив на едното колено и ја отворив кутијата со прстен. Завршив со зборовите: „Значи, на ова клише, овој клише ден, Рамона Цитрус, ќе се омажиш ли за мене?’ „Да“, изговори таа низ солзи кои ѝ течеа по лицето“, напиша актерката.

     

    Пред Рамона, Ребел беше во врска со Џејкоб Буш и нивната врска започна непосредно пред пандемијата на коронавирусот. Тие првпат се појавија заедно во јавност на црвениот тепих во Монако, но таа љубов не траеше долго.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img