More

    Македонската ултрамаратонка ја совлада тешката патека од Атина до Спарта

    spot_img

    Ултрамаратонката Катерина Шиповиќ по вторпат ја истрча патеката од 246 километри од Атина до Спарта на 42. Спартатлон во Грција, една од најтешките ултрамаратонски трки во светот. Шиповиќ, која е и државна рекордерка, денеска ја истрча трката за 34 часа, 29 минути и 53 секунди, и е на 109. место од околу 400 учесници од 55 земји, односно на 22. место во женска конкуренција.

    Почнувајки од 7 часот изутрина во саботата од Атина, Катерина пристигна во Спарта во 17:30 часот освојувајќи го 22-то место во женска конкуренција, оставајќи 62 светски ултрамаратонки зад себе.

    Во 2022, Шиповиќ стана првата македонска атлетичарка која го истрча Спартатлон. Тогаш ја истрча трката за 34 часа, 36 минути и 12 секунди, и беше на 96 место од оолу 380 учесници. Денеска го подобри резултатот за околу 7 минути.

    Спартатлон, една од 10-те најтешки ултрамаратонски трки во светот каде трчаат најуспешните ултрамаратонци и има временски рок за завршување од 36 часа, учесниците ги носи од Атина до Спарта трасирајќи ја оригиналната патека на Феидипидес, кој во 490 година п.н.е. пред битката кај Маратон бил испратен во Спарта да побара помош во војната меѓу Грците и Персијците.

    На Спартатлон, во тимот за поддршка на Катерина беше и ултрамаратонците Дарко Шиповиќ и Јовица Јованчев, како и Христена Антовска, сите од екипата Трекс.

    Катерина Шиповиќ со ултрамаратонско трчање се занимава од 2015 и една од макеоднските најпознати и најтрофејни ултрамаратонци. Таа е државен првак на трката на 24 часа со истрчани 180 километри. Во 2023, постави нов национален рекорд во трчање на 24 часа, откако беше апсолутна победничка на трката на себенадминувањето Шри Чинмој во Белград, истрча дистанца од 211,059 килоиметри за период од 24 часа и го собори рекордот од 2019, кој исто така беше во нејзина сопственост.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img