More

    Техеран најавува дека ќе продолжи „величествената линија на отпорот“

    spot_img

    Истакнатиот командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГ), генерал Абас Нилфорушан (58) загина во израелскиот воздушен напад врз Бејрут, во кој беше убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, соопштија денеска иранските власти.

    Иранската државна новинска агенција наведува дека генералот Нилфорушан бил под американски санкции.

    САД го идентификуваа Нилфорушан како заменик командант за операции во ИРГ и го санкционираа во 2022 година со образложение дека тој раководи со организација „директно одговорна за задушување на граѓанските протести во Иран“.

    Американските санкции против Нилфорушан беа воведени по неколкумесечните протести поради смртта на Махса Амини, која беше уапсена поради наводно непочитување на правилата за носење шамија, хиџаб, а потоа почина во притвор.

    Нилфорушан исто така служеше во Сирија, поддржувајќи го претседателот Башар ал Асад во повеќедецениската граѓанска војна и служеше во Иранско-ирачката војна во 1980-тите.

    Техеран денеска соопшти и дека „линијата на Хасан Насрала ќе продолжи“ и покрај убиството на лидерот на либанската група Хезболах во израелскиот напад врз нејзиното седиште во јужните предградија на Бејрут.

    „Величествената линија на водачот на отпорот, Хасан Насрала, ќе продолжи, а неговата света цел ќе биде постигната со ослободување на Ерусалим, ако даде Бог“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на платформата на социјалната мрежа Икс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img