Премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски и на Унгарија, Виктор Орбан денеска одржаа заедничка прес конференција, по што се упатија на предвидената прошетка низ Охрид.
Тие положија свежо цвеќе на еден од најмаркантните споменици за Охрид, Македонија и словенскиот свет, светите браќа Кирил и Методиј!
A потоа ја посетија и црквата Св. Богородица Перивлепта.
На својот Фејсбук профил, премиерот Мицкоски објави фотографии од посетата и порача дека Македонија има што да понуди.
„Македонија има што да понуди. Ја посетивме црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид. Место преполно со историја и духовно наследство!“, напиша Мицкоски.