И со Путин сум во добри односи и ќе имаме резултат, му рече американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на украинскиот лидер Володимир Зеленски на нивната средба во Њујорк. Снимката која кружи по социјалните мрежи веќе е нашироко коментирана. Зеленски му одговара со „се надевам дека ќе имаш добри односи со нас“, а Трамп возвраќа со „па, треба двајца за танго“.
За што точно зборуваа Зеленски и Трамп?
По состанокот, кој се одржи во кула облакодер во сопственост на Трамп, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази благодарност за „многу продуктивната средба“.
„Имав многу продуктивен состанок со @realDonaldTrump“, објави Зеленски на Икс.
„Му го претставив нашиот план за победа и темелно ја разгледавме ситуацијата во Украина и последиците од војната за нашиот народ. Беа дискутирани многу детали. Јас сум благодарен за оваа средба, потребен е праведен мир“.