More

    „Опасна ескалација што ја менува играта“

    spot_img

    Извор близок до Хезболах рече дека Хасан Насрала е „добро“ по масовниот израелски напад врз јужните предградија на Бејрут извршен попладнево, за кој израелските медиуми велат дека цел бил лидерот на групата.

    – Сајед Насрала е добро – рече изворот, барајќи анонимност бидејќи тој не е овластен да зборува со медиумите.

    Водечките израелски телевизиски мрежи објавија дека цел на нападот бил Насрала.

    Иранската амбасада во Бејрут ги опиша нападите како „опасна ескалација што ја менува играта“, нарекувајќи ги „злосторство“ кое заслужува „соодветна казна“.

    Израелското воено радио соопшти дека армијата проценува дали Хасан Насрала, генералниот секретар на Хезболах, бил во штабот кога го нападнала. Дописникот на Скај Њуз го опиша развојот на настаните како „навистина значаен“ – при што безбедноста на водачот на милитантната група се зема „исклучително сериозно“.

    – Факт е дека Хасан Насралах никој не го видел во јавноста со години, кога ги прави овие јавни преноси, овие јавни говори, кои ги гледаме повремено, тие се снимаат прво на тајни локации. Кога се емитуваат, тие собираат членови и поддржувачи во училиштата и другите јавни згради и потоа го пуштаат тој пренос. И тие и либанските медиуми и светските медиуми го земаат тоа. Така се прави. Неговото обезбедување е сфатено крајно, крајно сериозно. Тие знаат дека тој е цел – вели дописникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img