More

    Израел најави дека ќе преговара за примирје со Хезболах

    spot_img

    Израел утрово соопшти дека „ги споделува целите на иницијативата предводена од САД да им се дозволи на луѓето долж северната граница безбедно да се вратат во своите домови“.

    Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така беше наведено дека тие сакаат да разјаснат „неколку точки во врска со многу погрешни извештаи околу иницијативата за прекин на огнот предводена од САД“.

    Се додава дека тимовите се сретнале вчера и дека разговорите ќе продолжат и во наредните денови, јавува Би-Би-Си.

    Претходно, група земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Германија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, повикаа на тринеделен прекин на огнот со цел да се создаде простор за дипломатски решенија.

    Израел до вчера остро го отфрли таквиот предлог.

    Белата куќа соопшти дека предлогот за прекин на огнот е „разработен“ со Израел, и покрај тврдењето на Нетанјаху само неколку часа подоцна дека неговата земја ќе продолжи да се бори против Хезболах.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img