СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против Борче Цветков (40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..
Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата.