Македонскиот шампион загуби од Динамо во Букурешт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе и третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостувањето во Букурешт од Динамо со 25-34 во рамки на третото коло во групата А.

Македонскиот шампион во текот на целиот натпревар беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше (13-19), а во 38 минута и двоцифрени 16-26.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски, а голманот Никола Митревски запиша 14 интервенции.

Еурофарм Пелистер е без освоен бод по воведните три кола, а во следниот натпревар ќе го пречека Спортинг на 9 октомври во Битола.

Share This Article