More

    Мицкоски ѝ посака среќа на Албанија, а на Брисел му рече дека се изживува

    spot_img

    Владата е спремна да одговори соодветно доколку некој се обиде за изврши дестабилизација поради тоа што Македонија и Албанија се одделија од евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција, по посетата на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

    Премиерот истакна дека тоа што Македонија и Албанија се одделија од евроинтегративниот процес, не подразбира и дестабилизација на земјата, но сепак не ја исклучи можноста за такво нешто.

    – Може да има обиди за дестабилизација, ама и да не се раздвоиме, пак може да има обиди за дестабилизација. Ако некој се обиде да изврши дестабилизација на земја членка на НАТО, тогаш ние ќе одговориме соодветно. Нема да дозволиме некој да ја дестабилизира земјата – предупреди Мицкоски.

    Тој ѝ посака успех на Албанија, со желба бргу да го заврши преговарачкиот процес.

    – Можеби еден ден патиштата пак ќе ни се сретнат – заклучи премиерот.

    Шефот на владата говореше дека Македонија направила нешта кои ниеден кандидат за членство во ЕУ не ги сторил, објаснувајќи дека третманот на Унијата кон оваа земја не е фер и нема врска со копенхагеншките критериуми.

    – Само кај нас билатерални договори се услови во преговарачка рамка. Жалам што претходната влада егзибиционистички прифаќаше сѐ, а истовремено го ограбуваше народот – изјави премиерот.

    Тој додаде дека Владата веќе нема да прифаќа услови кои бараат национални и идентитетски отстапки.

    – За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш тоа го реков и во Брисел – не, благодарам. Тоа не се европските вредности во кои мојата генерација се вљуби, а тоа се оние вредности, кои ги дефинирале Аденауер, Дегаспери и Шуман и затоа ја споделив идејата, ајде да разговараме, немојте со диктат, не нѐ условувајте со диктат. Јас сакам да разговараме колку е потребно да најдеме решение, очигледно сега немаме решение – потенцираше Мицкоски.

    Премиерот говореше и за преговорите со Бугарија поврзани со членството во Европската Унија.

    – Ако зборуваме за почитување на договорите, ние го прифативме Преспанскиот договор како нова влада, ја користиме придавката „северна“ и така натаму, но тогаш треба и ЕУ и Брисел да го прифатат договорот за добрососедство во кој нема услов да го смениме Уставот. Ова е предлог, но во договорот нема таков услов – појасни Мицкоски.

    Тој објасни дека нивниот предлог за одложено дејство суштински не се разликува од Преспанскиот договор.

    – Пишува дека Бугарија треба да нѐ поддржува и да ни помага. Кога зборуваме за одложено дејство, дека сме подготвени да го прифатиме нивниот предлог, тоа не е различно од Преспанскиот договор. Сите амандмани во тој договор влегуваат во сила кога Грција ќе го ратификува пристапниот протокол на Македонија во НАТО. Зошто тогаш не додаат „и ЕУ“? Прашањето на референдум беше „Дали сте за ЕУ и за НАТО?“. Зошто не додадат? Тие амандмани што ќе ги поминеме да бидат ефективни кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол за ЕУ. Тоа го предложив во Брисел… Ако има желба, има и начин – изјави премиерот.

    Мицкоски потенцираше дека нивните барања не се поврзани со европските вредности, туку тие (Европската Унија) само се изживуваат врз оваа земја.

    Премиерот напомена дека подобрувањето на стандардот на Македонија зависи од чесната работа, а не од почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

    – Ако мислите дека со почнувањето на преговорите, мед и млеко ќе тече на улиците и парите од Брисел ќе почнат да врнат, се лажете – истакна тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img