Германија, најголемата европска економија, оваа година би можела да ја заврши со економски пад, имајќи предвид дека водечките германски економски институти ги намалија заедничките прогнози и сега сметаат дека нивната економија би можела да падне за 0,1% на крајот на 2024 година.
Експертите очекуваат слабо закрепнување во Германија во 2025 година со раст од 0,8 отсто и забрзување до 1,3% во 2026 година.
Во претходната пролетна прогноза, експертите беа пооптимисти и очекуваа германската економија да забележи раст од 0,1% во 2024 година и 1,4% во 2025 година.
– Покрај економскиот пад, германската економија е оптоварена и со структурни промени – смета Џералдин Дани-Кнедлик, раководител на одделот за прогнозирање и еконителите на капитални добра и енергетски интензивните индустрии“, се наведува во извештајот.
Компаниите имаат проблеми со повисоките трошоци за енергија и конкуренцијата од висококвалитетните индустриски производи од Кина, кои го потиснуваат германскиот извоз на светските пазари.
– Постојаното високо ниво на каматни стапки, заедно со зголемената економска и геополитичка неизвесност, веројатно ќе имаат големо влијание врз инвестициските активности на компаниите и склоноста на приватните домаќинства да купуваат – додаваат експертите.
Домаќинствата во Германија се повеќе штедат пари наместо да ги трошат на нови станбени недвижности или производи за широка потрошувачка, објавено е на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Минатата година германската економија беше најслаба меѓу големите земји од еврозоната и забележа пад од 0,3%.