Тажна вест пристигнува од Холандија дека Џоди Лукоки почина на 30-годишна возраст.Се уште не е позната причината за смртта на овој 29-годишен офанзивен фудбалер, кој кариерата ја започна во Ајакс, со кој има и три титули во холандската лига.
Лукоки во кариерата уште настапуваше за Камбур, Цволе, Лудогорец, Малатијаспор, а последен клуб му беше Твенте со кој го раскина договорот во февруари годинава.
„Неверојатно е, овој млад е толку тажен. Ова е навистина страшно. Сочувствуваме со неговото семејство и пријателите“, изјави техничкиот директор на Твенте, Јан Штроер.
Роден е во ДР Конго, за чија репрезентација има и три настапи.