Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во понеделникот се појави на доделувањето на Глобалните граѓански награди на Атлантскиот совет во Њујорк, а за таа прилика избра свечен дизајнерски фустан од 2.000 евра.
Колинда се појави во долг зелен фустан од брендот Edeline Lee, чија цена на официјалната веб-страница е 1.600 фунти, односно 1.913 евра. Дизајнерскиот фустан е изработен од полиестер и има мала јака и копчиња рачно покриени со ткаенината, а доаѓа со каиш со тока и странични џебови. Фустанот е произведен во Англија, а може да се најде во други онлајн продавници по нешто пониска цена од 1.705,27 евра.
Да потсетиме, на доделувањето се појавија бројни познати личности, а Колинда на Инстаграм се пофали со фотографија со милијардерот Илон Маск.