More

    Борел и Лајчак „не свират кога има прекршок“, вели Курти

    spot_img

    „Кога тој (Вучиќ) зборува, јас не се мешам. Секогаш кога јас зборувам, тој се жали“.

    Вака изјавил за медиумот „Политико“ косовскиот премиер Албин Курти изнесувајќи детали од средбите за дијалог со српскиот претседател. „Политико“ забележува дека, иако минатата недела беа на иста средба, двајцата лидери не разговарале директно.

    Косовскиот премиер во интевјуто ја обвини Србија за одолговлекување на дијалогот за нормализација на односите меѓу двете држави и изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ го засолнил лидерот на терористичката група која го изврши минатогодишниот напад во Бањска во северно Косово, Милан Радоичиќ.

    Исто така, Курти ги обвини и посредниците на Европската Унија во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, дека не ја оствариле својата улога.Според косовскиот премиер, „пристапот на Србија не е за нормализација на односите со Косово“.

    Како што напоменува „Политико“, Курти изјавата ја дал еден ден откако учествуваше на ручекот организиран во Брисел од Европската комисија со лидерите на Западен Балкан.

    – Како е можно (од Белград) да кажат да за Охридскиот договор, а истиот да одбијат да го потпишат? – изјави Курти.

    Тој ги обвини и дипломатите на Европската унија, високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел и емисарот за дијалог Мирослав Лајчак за пристрасност во однесувањето кон преговарачките страни.

    – Проблемот е што господинот Борел и господинот Лајчак не свират кога има прекршок. Замислете судија кој на фудбалскиот терен излегува без свирче – изјави Курти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img