More

    Продолжува партнерството со Работнички и со МЗТ Скопје

    spot_img

    Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, дел од групацијата Телеком Србија, ја најави својата нова улога како генерален спонзор на најдоброто клупско кошаркарско натпреварување во Македонија.

    – Среќни сме и почестени што станавме генерален спонзор на најдоброто натпреварување во македонската кошарка кое отсега ќе се именува како МТЕЛ Прва машка лига. Како компанија, сме длабоко посветени да соработуваме со спортските федерации и клубови за да ги поттикнуваме заедничките вредности и да промовираме активна, здрава заедница која ги инспирира младите луѓе. Уверени сме дека нашата поддршка ќе придонесе за возбудлива и успешна сезона, каде и клубовите и навивачите ќе уживаат во извонредни спортски достигнувања – вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

    Покрај спонзорството на лигата, МТЕЛ го проширува и партнерството со актуелниот шампион КК МЗТ Скопје, станувајќи генерален спонзор на клубот за претстојната сезона. Ова означува континуирана заложба за зајакнување на локалниот спорт, а особено македонската кошарка.

    МТЕЛ, исто така, со големо задоволство ја продолжува својата тековна соработка со најтрофејниот клуб на македонската кошаркарска сцена, КК Работнички чиј генерален спонзор е веќе трета година по ред.

    Следејќи ги светските вредности за општествена одговорност, како и корпоративниот код на Телеком Србија групацијата, МТЕЛ во рамки на своите активности продолжува и во иднина да биде поддршка за различни хуманитарни и спортски настани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img