More

    Демократскиот сојуз бара сите партии да го поддржат Законот за бранители

    spot_img

    Законот за бранителите треба да го поддржат сите политички партии, соопшти денеска партијата Демократски сојуз на Павле Трајанов. Според партијата, неприфатливо е предложените законски измени да се користат за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии.

    „Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година. Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии. Неприфатливо е истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ“, соопшти Демократскиот сојуз.

    Во врска со барањата на албанските партии и борците на ОНА да бидат обештетени, од Демократски сојуз со став дека Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА направила голем број на отстапки.

    „Меѓу нив и нивна амнестија преку донесување на закон и вработување на голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од страна на Собранието на Македонија, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт итн. Затоа, најостро ги осудуваме најавите на ДУИ дека ако се усвои законот за обесштетување на тие што го бранеле суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, ќе се дестабилизира Македонија“, соопшти Демократскиот сојуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img