Пругата кон Бугарија продолжува да се гради

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во втората половина на следниот месец ќе продолжат градежните работи на пругата кон Бугарија, со активности на првите две делници, за кои се заокружува тендерската постапка за избор на изведувач, уверува директорот на ЖРСМ – Инфаструктура, Хари Локвенец.

Според Локвенец, се почитуваат најавените рокови и реално е да се очекува железничкото поврзување на Скопје и Софија да се случи во 2027 година.

– Роковите што ги зададовме сите заедно, ова раководство на Железници – Инфраструктура и македонската Влада, е дека ќе почнеме оваа пролет. Имаме уште месец и половина, дозволете ни да го исполниме нашето ветување и оваа пролет да почне изградбата на првите две делници, од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Искрено, се надевам, водејќи сметка за динамиката што ја имаме во моментов во однос на реализацијата на тендерската процедура, потпомогната од Европската банка за обнова и развој и нормално Европската унија, убеден сум дека ќе си достоиме на зборот и оти до втората половина на јуни ќе имаме почеток на градба – изјави Локвенец во одговор на новинарско прашање по стартот на кампањата за зголемување на безбедноста на железничките премини.

Тој вели дека најавените рокови се реалност, односно според очекувањата и според проектната документација, до крајот на 2023 година треба да заврши првата фаза, до крајот на 2024 или почетокот на 2025 втората фаза, а крајот на 2026 или почетокот на 2027 година е спомнат термин за завршување на третата фаза.

– Овде сакам само да ја надополнам информацијата дека сме целосно комплементарни со роковите и се надополнуваме со нашите колеги од Бугарија од железничката инфраструктура каде нивниот дел од работата за поврзувањето на Софија со Ѓуешево планираат да го завршат до крајот на 2027. Затоа сметам дека целосно сме во роковите, целосно сме во планот и крајот на 2027 сметам дека се реални очекувањата да имаме поврзаност на Скопје со Софија – рече Локвенец.

Во коментар дека властите од двете држави претходно најавуваа дека поврзувањето ќе биде во 2025 година, Локвенец рече дека зборува за реалноста во моментов, не сакајќи да оспорува ништо што е кажано претходно.

– Сакам да ја пренесам на јавноста моменталната состојба, со процесите. Сепак станува збор за процеси врзани со процедури кои мора да бидат исполнети за да имаме првин успешна тендерска постапка, а и изведбата на самите проекти е исклучително важна. Обрнуваме огромно внимание во делот на подготовката на овие проекти зашто квалитетната подготовка нуди гаранција за успешна изведба – посочи Локвенец.

За да стартуваат најавените активности за изградбата на пругата треба да се заокружи тендерот на кој веќе се избрани финалните понуди, но тече рокот од две недели за информирање на апликантите за постапката. Потоа следува назначувањето на избраните компании и потпишување договор за изведба. Со тоа треба да продолжат запрените активности на правата делница, проектирана во должина од 31 километар, а на која се завршени 54 проценти од работата и да стартуваат на втората, која е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција. Третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија е во должина од 24 километри. За неа се обезбедени 60 милиони евра, што е само дел од потребните финансии, а има најава за грантови од ЕУ и кредитна поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Share This Article