Фарма за крокодили во Тајланд уби 125 од влекачите поради страв дека ќе избегаат за време на поплавите во земјата и ќе го загрозат населението, изјави нејзиниот сопственик во средата.
„Дождот ги еродираше ѕидовите на фармата и за жал моравме да убиеме 125 крокодили“ кои ги одгледуваме „17 години“, потврдил за АФП Натапак Хумкад, фармер во провинцијата Ламфун.
Фармерот рече дека тој и неговите вработени ги удирале сијамските крокодили со струја за да ги спречат да избегаат и да талкаат по селата, слободно да ги напаѓаат селаните и добитокот.
Сијамскиот крокодил, кој може да порасне и до три метри, е ендемичен вид на Југоисточна Азија кој е критично загрозен во дивината.
Одгледувачот рече дека контактирал со властите за да ги смести неговите влекачи во привремено засолниште додека поплавата не се смири, но неговото барање било одбиено бидејќи животните биле преголеми.