More

    Знаци дека вашето тело е полно со токсини: Како да ги отстраните

    spot_img

    Токсините се акумулираат во телото од храната и пијалоците што ги консумираме, но и преку кожата и воздухот што го дишеме. Кога оваа количина ќе стане премногу, телото страда. Во тој момент потребно е да се исчисти телото. Добро е да му дозволите на варењето малку да одмори за подоцна подобро да функционира. Колку е подобро варењето, толку сме поздрави.

    Луѓето кои имаат вишок на токсини во телото ги чувствуваат мирисите посилно бидејќи нивните сетила се поакутни.

    Ова се симптомите дека вашето тело е полно со токсини и плаче за чистење:

    Се чувствувате сити и надуени
    Ако телото не може правилно да го исфрли отпадот, се јавуваат проблеми. Движењето на дебелото црево треба да се врши најмалку еднаш дневно. Имено, доколку отпадните материи не го напуштат телото, може да се вратат во крвотокот и да направат проблеми. Надуеноста е најчест симптом на премногу отров во организмот, особено ако тоа трае долго.

    Не можете да спиете правилно
    Тешко ви е да заспиете или често се будите навечер, па следниот ден сте уморни.

    Имате лош здив
    Кога цревата и црниот дроб не можат правилно да се ослободат од отровите, тогаш може да има и непријатен мирис од устата бидејќи бактериите се таложат на јазикот.

    Јазикот ја смени бојата
    Тој стана белузлав или жолтеникав, што е предизвикано од таложење на бактерии.

    Како да ги отстраните токсините од телото?
    Сауната е одличен избор бидејќи добрата пот ги исфрла токсините од телото. А постот е еден од начините да си го олесните телото и да му дадете можност малку да се одмори.

    Идеално би било да се пости еднаш неделно и да не внесува ништо освен вода во телото. Постот завршува на вториот ден наутро со пиење свеж сок од овошје или зеленчук. Подоцна истиот ден се јаде лесна супа, а навечер варен зеленчук.

    Јадењето одредена храна исто така помага. Тоа се намирници кои ги врзуваат токсините за себе и на тој начин помагаат да се исфрлат од телото. Тоа се коријандер, брокула, алги… За коријандерот се вели дека е еден од најдобрите средства за чистење на организмот од токсини и тешки метали. Додадете го на речиси се што ќе подготвите, пишува Крстарица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img