Никола Мемов е назначен за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – ПИОМ.
Мемов е дипломиран инженер Технолог-Петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.
Тој во својата работна кариера бил генерален директор, на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за енонимија и правда.
Мемов ја извршува и функцијата портпарол на движењето ЗНАМ – За наша Македонија. На позицијата во ПИОМ доаѓа на местото на досегашниот директор Арсим Хасани.