More

    Ништо не ми можат, вели таткото на осомничениот Дејан

    spot_img
    Тома Фила, познатиот адвокат во Србија, смета дека тамошното обвинителстволошо го конструирало случајот за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор кое изминатите месеци ја зави земјата во црно. Фила смета дека ослободителните пресуди за осомничените Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ се сосема сигурни бидејќи доказите досега не се толку силни.

    Во вторникот осамна веста дека покренато е обвиниени против Дејан и Срѓан и дека се бара доживотен затвор за нив. Исто така, поднесен е и акт против таткото на Дејан, Радослав Драгијевиќ за  „непријавување на кривично дело и сторителот и кривичното дело помагање на сторителот по извршените кривични дела“.

    Телото на Данка Илиќ не е пронајдено ниту шест месеци по нејзиното исчезнување, па затоа обвинението се заснова на изјави на сведоци и снимки од надзорните камери кои укажуваат дека двајцата обвинети се на местото каде што последен пат било видено девојчето.

    Не  е пронајдена ниту ДНК од Данка во автомобилот со кој Дејан и Срѓан се сомничат дека го удриле девојчето.

    – Овде не важи американската фраза „нема тело, нема криминал“. Ова не би било прво судење без пронајденео тело, но проблемот е немањето поцврсти докази. Што се слушаше досега и што собра Обвинителството не е сигурен доказ – изјави адвокатот Тома Фила за српски Мондо.

    Според Фила, тоа што нема ДНК од девојчето е голема нелогичност во случајот.

    Осомничените при распит во полицијата признаа дека откако ја удриле со автомобил, едниот ја ставил на задното седиште, ја задавил и потоа ја префрлил во багажникот. Српската полиција долго трагаше по можна локација каде што евентуално било скриено телото.

    – Подобро би било да се укине притворот, осомничените да си одат дома, а потоа полека да се бараат силни и непобитни докази против нив. Проблемот е што овие докази лесно се побиваат, а ако случајно се изрече ослободителна пресуда, тоа е дека нема повторно судење, тие остануваат на слобода засекогаш – објаснил адвокатот Фила.

     

    Радослав Драгијевиќ, таткото на обвинетиот Дејан, кој е обвинет дека го помагал својот син во злосторот, денеска за српски Телеграф изјави дека „ништо не му можат“, дека „ немаат докази“ и шокантно тврдење, дека девојката Данка Илиќ е всушност жива, дека е продадена и дека е видена во Дизелдорф.

    Ова, вели Радослав, му го пријавило едно лице кое наводно има фотографии, иако за тоа нема веродостојни докази.

    – Не сум јас крив, не можам ништо, само не го чепкајте син ми, затоа што веќе изгубив еден. Мојот Дејан не е крив. Не е можно така да прават, така да убијат дете. Не можеш да ископаш дупка за три минути, јас ќе поднесам тужба за мојот син, не можам да го вратам, но сакам да наплатам – вели Радослав.

    Зборувајќи за неговите шокантни тврдења дека детето е живо, Радослав тврди дека сè му објаснило лице кое го познава семејството.

    – Таа ја виде мојата болка и самата ме контактираше, сакаше да ми помогне и тврдеше дека малата (Данка) е продадена, дека е во Дизелдорф, Германија – додава Радослав.

    Милош и Ивана Илиќ, родителите на убиената Данка Илиќ, се огласија неколку часа откако беше објавено дека е покренато обвинение против Дејан и Радослав Драгијевиќ, како и Срѓан Јанковиќ.

    – Тешко ни е, за два дена ќе навршат шест месеци од нејзината смрт. Како да го одбележиме тоа, кога не знаеме каде е и што е со Данка. Полесно ми е кога слушнав дека тоа се случува – изјавија тие, осврнувајќи се на судењето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img