More

    Само силна Украина може да го притисне Путин, вели Зеленски

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија може да заврши побрзо отколку што мислат некои луѓе.

    – Мислам дека сме поблиску до мирот отколку што мислиме. Само треба да бидеме силни, многу силни – рече тој.

    Зборувајќи за американската телевизија Еј-Би-Си Њуз, Зеленски исто така рече дека планот за победа што ќе му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе бара од сојузниците на Украина да ја „зајакнат“ украинската армија.

    Зеленски рече дека планот не се однесува на преговори со Русија, туку тој е „мост до дипломатски излез, за ​​запирање на војната“, пренесува Би-Би-Си.

    Тој додаде дека Украина може да го притисне рускиот претседател Владимир Путин да го прекине конфликтот само ако Киев појде од „силна позиција“.

    Во вторникот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија е претпазлива во врска со медиумските извештаи за украинскиот план и додаде дека конфликтот ќе заврши само кога ќе се постигнат целите на Русија.

    Зеленски долго време бараше од западните земји да ѝ дозволат на Украина да ги олесни ограничувањата за употреба на ракети со долг дострел кои би можеле да се користат за удар длабоко во Русија и се очекува тој да го стори тоа повторно оваа недела кога ќе ги посети САД.

    Во неделата, американскиот претседател Цо Бајден рече дека сè уште не одлучил дали да ѝдаде зелено светло на Украина во врска со ракетите.

    Зеленски рече дека САД ќе треба да ја донесат одлуката:

    – Сите гледаат кон (Бајден) и ни треба ова за да се браниме – рече тој за Еј-Би-Си Њуз.

    Зеленски ќе зборува на Генералното собрание на Обединетите Нации во среда, а треба да се сретне и со кандидатите за претседател на САД, Доналд Трамп и Камала Харис.

    Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, изјави за Њујорк Тајмс дека Украина ќе мора да биде „реална“ во врска со своите изгледи за обновување на областите на истокот од земјата што Русија успеа да ги добие во последните 31 месец од војната.

    Тој додаде дека најверојатниот исход од војната е дека дел од украинската територија ќе остане под руска окупација неколку години.

    Пораз или на Украина или на Русија „едноставно нема да се случи“, изјави Павел за Тајмс, додавајќи дека крајот на конфликтот ќе биде „некаде помеѓу“.

    Патувањето на Зеленски во САД доаѓа во врмеме кога Украина е под постојани напади од Русија. Преку ден, во вторникот, Русија погоди висококатница во североисточниот украински град Харков. Најмалку три лица загинаа, а 15 се повредени во нападот, за кој локалните власти соопштија дека бил извршен со бомби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img