Изгласани измените на Законот за локалната самоуправа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со двотретинско мнозинство, со 83 гласа „за“ пратениците на владејачките ВМРО-ДПМНЕ, Вреди  и ЗНАМ и на опозициската ДУИ денеска ги изласаа законските измени со кои ќе се спречи во три општини, Аеродром, Гостивар и Сарај, да се одржат предвремени локални избори откако нивните поранешни градоначалници Тимчо Муцунски, Арбен Таравари и Блерим Беџети влегоа во извршната и законодавната власт. За законот имаше 17 гласа „против“ од пратениците на СДСМ, а пратениците а Левица не гласаа.

За изгласувањето на измените на овој системски закон беа потребни и гласови за Бадинтерово мнозинство, кои беа обезбедени со поддршката на пратениците на ДУИ.

Со овие измени в.д. градоначалниците ќе продолжат да ја извршуваат функцијата до редовниот термин за локалните избори, октомври 2025 година.  Доколку не се донесеа измените, наскоро ќе мораше да се органиизраат предвремени локални избори, а избраниот нов градоначалник ќе имаше мандат само до октомври 2025 година.

Пратеникот Блерим Беџети истакна дека ДУИ повторно ќе гласа „за“ за закон предложен од власта само заради, како што рече, да не ги ставаат граѓаните во трошок за нови избори.

Измените со кои се овозможува да се постават нови градоначалници во случај кога актуелните се именувани на други функции се предложени за да се обезбеди континуитет во управувањето на општините. Овие измени се од времен карактер.

Опозицсиките партии инсистираа во овој процес да се внесат и измени на Законот за локална самоуправа со кои би се овозможил реизбор и отповикување на градоначалникот преку референдум, но тоа не беше прифатено.

Share This Article