Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека Барселона има неколку кандидати за засилување на голманската позиција во јануари, а еден од нив е и Столе Димитриевски.
Тер Штеген ги скина лигаментите и ќе ја пропушти целата сезона, па Деко и Лапорта ги разгледувале опциите за нов голман.
Нашиот Димитриевски е еден од тројцата кандидати, останатите двајца се Алваро Ваљес и Ѓилерме Рестес.
Планот на Барселона е Инаки Пења да брани до јануари, а кога ќе се отвори зимскиот преоден рок да биде ангажиран нов голман.
Димитриевски ова лето потпиша за Валенсија, но е закован на клупата бидејќи Мамардашвили остана во клубот.